Poland

Колаборативен пристап за инклузивна двојна транзиција – проект ГТЦ

Author:
2025/01/02 at 7:55 PM
Tags:

Европската економија моментално поминува низ големи промени за кои се заслужни два основни фактори: потреба за намалување на јаглеродниот отпечаток и преминување на дигитализација. Овие процеси, познати под називот ’twin’ (двојна) транзиција, се осмислени така да доведат до создавање на поодржлива и поконкурентна економија.

Што точно е двојната транзиција и кои се нејзините основни цели? Проектот ’ГТЦРаст преку трансформациски промени во индустрискиот сектор под влијание на Европскиот зелен договор и дигитализацијата и проактивно учество на работниците во реструктурирањето на работнато опкружување кое се менува’, кој се софинансира од Европската комисија, го разгледува начинот на кој Европскиот зелен договор и дигитализацијата можат да придонесат за растот на индустрискиот сектор на начин кој ќе им користи за сите. Опфаќајќи седум земји членки и држави со статус на кандидати за членство во Европската унија – Полска, Словачка, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Шпанија – овој проект ја поттикнува соработката помеѓу работниците, синдикатите и работодавачите за да се обезбеди праведна и инклузивна транзиција.

Проектот ГТЦ е фокусиран на тоа на заинтересираните страни да им овозможи да реагираат на опсежните промени во индустрискиот сектор, до кои дојде поради зелената и дигиталната транзиција. Клучните цели опфаќаат олеснување на размена на знаење, спроведување детални истражувања, зајакнување на капацитетите на партнерите и подигнување на свеста помеѓу работниците и работодавачите во европскиот металски сектор. Проектот ГТЦ го содржи сеопфатниот план на активности, како што се изработка на седум национални извештаи, кои се занимаваат со анализа на националниот и регионалниот контекст на двојната транзиција; креирање на програма за обука која е прилагодена на индивидуалниот темпо на секој учесник, вклучувајќи однапред снимени лекции, тестови и материјали за поддршка на развојот на вештините кај работниците и работодавачите; организација на симулациски работилници во Србија, каде што учесниците ги разменувале практичните решенија кои се однесуваат на зелената и дигиталната транзиција преку сценарија од реалниот живот; и спроведување на информативна кампања, која ги опфаќа статиите и видеоснимките со цел ширење на знаењето и поттикнување јавна расправа.

Проектот ГТЦ претставува пример на пристапот за постигнување на одржливост и дигитални иновации во индустрискиот сектор, насочен кон иднината. Основните заклучоци кои произлегуваат од националните студии и разговорите со партнерите укажуваат на тоа дека двојната транзиција зависи од интеграцијата на технологијата во заштитата на животната средина и учеството на работниците. Анализираните студии на случај покажале како модерните технологии можат да донесат економски и еколошки придобивки, како и колку е важен социјалниот дијалог (вклучувајќи го и трипартитниот дијалог) во контекст на реструктурирање. Трансформација на индустрискиот сектор бара пристап од повеќе агли, во кој технологиите, луѓето и стратегиите за развој дејствуваат обединето со цел да се постигне поодржлива иднина. Со давање приоритет на соработката и инклузивноста, се создава силна основа за решавање на предизвиците на двојната транзиција, со засилување на работниците и заинтересираните страни активно да учествуваат во обликувањето на иднината на индустријата. Иницијативата ГТЦ служи како модел за одржлив раст и праведна трансформација ширум Европа. 

Проектни материјали и курсеви се достапни на следниот линк: https://decentwork.msnzzpcmc.pl/en/course

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close